ЗАБЕЛЕШКИ ОД КОНЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ИЗВРШЕНА РЕВИЗИЈА НА УСОГЛАСЕНОСТ НА ТЕМА „ПЛАТИ И ДОДАТОЦИ НА ПЛАТИ НА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА‘‘ ОБЈАВЕН ВО МАРТ 2024 ГОДИНА
Државниот завод за ревизија изврши ревизија на усогласеност на тема „Плати и додатоци на плати на административните службеници во Република Северна Македонија“ со цел да утврди дали платите и додатоците на плати на административните службеници восите материјални аспекти, се во согласност со релевантната законска регулатива, стратешките документи и воспоставени политики за периодот од 2021 година до 2023 година.
Од правен аспект со ревизијата опфатени се сите закони со кои се регулираат платите и додатоците на плата на административните службеници.
Притоа, дадено е појаснување на пресметката на платите со која платата на административните службеници се состои од: основна компонента и исклучителна компонента
Основната плата се состои од: дел на плата за степен на образование, дел на плата за ниво, минимална плата и дел на плата за стаж.
Исклучителната компонента ја сочинуваат: додаток на плата за посебни услови за работа, додаток на плата заради прилагодување кон пазарот на трудот и/или додаток на плата за ноќна работа, работа во смени и прекувремена работа
Извештајот напоменува дека постои потреба од усогласеност на законот со Општиот колективен договор за јавниот сектор во делот на начинот на утврдување на платата.
Притоа, при анализата на платите се утврдени следните ставки:
Извештајот дава препораки да се изврши усогласување на платите согласно одредбите на новиот Закон за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор.
АВТОР: Лилјана Алексова