6 сет антикризни мерки
јули 15th, 2021 by Team5SeDc2021-3785Блог
14 ЈУЛИ 2021
6 Сет антикризни мерки
Од страна на Владата се усвоени седум мерки од шестиот пакет на антикризни мерки кои се однесуваат на најпогодените сектори од корона кризата, со вредност од 17,8 милиони евра, пришто ќе се поддржат 10.000 компании, кои вработуваат околу 60.000 граѓани.
Мерка 1
На сите угостителски објекти ќе им бидат покриени 30% од приходите,, сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка по вработен.
Мерка 2
Со 2,5 милиони евра ќе се поддржат – ресторани за свадби, евент индустријата, игротеки, ноќните клубови, приватните детски одморалишта, фитнес центри, фотографи и фотографски студија.
Мерка 3
Категоризираните туристички агенции ќе бидат поддржани со 1,4 милиони евра, од кои туристичките агенции со А лиценца ќе добијат до 5.000 евра, а туристичките агенции со Б лиценца ќе добијат до 2.000 евра.
Мерка 4
Финансиска поддршка од 30.750 денари ќе добијат и сите музичари, членови на здруженијата на музичари како и лиценцираните туристички водичи, кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход под 15.000 денари.
Мерка 5
Околу 2 милиони евра се наменети за компаниите кои ја реинвестирале добивката од 2020 година (оваа мерка која ќе се реализира преку Развојната Банка)
Мерка 6
Со бескаматна кредитна линија преку Развојната банка од 1 милион евра, ќе се поддржат медиумите кои емитуваат радио и телевизиска програма.
Мерка 7
Како дополнителна поддршка и помош за домашната туристичка и угостителска дејност ќе се овозможат бесплатни 50.000 ПЦР тестови за странските туристи кои престојувале во државата.
ПОкрај овие, се предвидени неколку мерки за поддршка на економијата, односно за раст на ликвидноста и поттикнување на инвестициите. Едната е Поддршка на ликвидноста за компаниите кои ја реинвестирале добивката за 2020 годинa преку субвенционирање на камати на кредити. Втората мерка е Кредитната линија за финансиска поддршка на деловните субјекти од областа на емитување на радио и телевизиски програми со цел намалување на последиците од корона вирусот КОВИД-19, преку посебна кредитна линија во износ од 61,5 милиони денари или 1 милион евра со 0% каматна стапка која ќе се пласира преку Развојната банка.
Туристичко-угостителскиот сектор е поддржан со над десет милиони евра и тоа преку ваучери за домашен туризам.
Posted in Uncategorized