Data Linking

јули 18th, 2024 by

ЗАБЕЛЕШКИ ОД КОНЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ИЗВРШЕНА РЕВИЗИЈА НА УСОГЛАСЕНОСТ НА ТЕМА „ПЛАТИ И ДОДАТОЦИ НА ПЛАТИ НА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА‘‘ ОБЈАВЕН ВО МАРТ 2024 ГОДИНА

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на усогласеност на тема „Плати и додатоци на плати на административните службеници во Република Северна Македонија“ со цел да утврди дали платите и додатоците на плати на административните службеници восите материјални аспекти, се во согласност со релевантната законска регулатива, стратешките документи и воспоставени политики за периодот од 2021 година до 2023  година.

Од правен аспект со ревизијата опфатени се сите закони со кои се регулираат платите и додатоците на плата на административните службеници.

Притоа, дадено е појаснување на пресметката на платите со која платата на административните службеници се состои од: основна компонента и исклучителна компонента

Основната плата се состои од:  дел на плата за степен на образование, дел на плата за ниво, минимална плата и дел на плата за стаж.

Исклучителната компонента  ја сочинуваат: додаток на плата за посебни услови за работа, додаток на плата заради прилагодување кон пазарот на трудот и/или додаток на плата за ноќна работа, работа во смени и прекувремена работа

Извештајот напоменува дека  постои потреба од усогласеност на законот со Општиот колективен договор за јавниот сектор во делот на начинот на утврдување на платата.

Притоа, при анализата на платите се утврдени следните ставки:

  • со воведување на минималната бруто плата во март 2022 година (во износ од 26.422 денари) при пресметката на платата во април 2022 година, основната плата за месец март 2022 година се зголемила од околу 1% до 26% по звање, – во март 2023 година минималната плата се зголемила и истата изнесува 29.739 денари, поради што и износот на основната плата се зголемил од над 4 % до 12% по звање,
  • основна бруто плата на административните службеници во септември 2023 година се движи од 32.892 денари за помошно-стручен административен службеник од четврто ниво до 85.761 денари бруто месечна плата за секретар од прво ниво,
  • уште поголема разлика се појавува при анализа на основната бруто плата за исто работно место во две различни институции. На пример: платата на раководител на сектор – разликата се движи од 67 илјади денари до 125 илјади денари , помошник раководител на сектор – разликата се движи од 59 илјади денари до 110 илјади денари, советник – разликата се движи од 47 илјади денари до 85 илјади денари, виш соработник – разликата се движи од 44 илјади денари до 82 илјади денари и соработник – разликата се движи од 43 илјади денари до 79 илјади денари. За оваа состојба во извештајот стои дека не е во согласност со Потцел 2.4. Воспоставување на унифициран и кохерентен систем на плати во јавниот сектор

Извештајот дава препораки да се изврши усогласување на платите согласно одредбите на новиот Закон за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор.

 

АВТОР: Лилјана Алексова

 

6 сет антикризни мерки

јули 15th, 2021 by

Блог

14 ЈУЛИ 2021

6 Сет антикризни мерки

Од страна на Владата се усвоени седум мерки од шестиот пакет на антикризни мерки кои се однесуваат на најпогодените сектори од корона кризата, со вредност од 17,8 милиони евра, пришто ќе се поддржат 10.000 компании, кои вработуваат околу 60.000 граѓани.

Мерка 1

На сите угостителски објекти ќе им бидат покриени 30% од приходите,, сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка по вработен.

Мерка 2

Со 2,5 милиони евра ќе се поддржат – ресторани за свадби, евент  индустријата, игротеки, ноќните клубови, приватните детски одморалишта, фитнес центри, фотографи и фотографски студија.

Мерка 3

Категоризираните туристички агенции ќе бидат поддржани со 1,4 милиони евра, од кои туристичките агенции со А лиценца ќе добијат до 5.000 евра, а туристичките агенции со Б лиценца ќе добијат до 2.000 евра.

Мерка 4

Финансиска поддршка од 30.750 денари ќе добијат и сите музичари, членови на здруженијата на музичари како и лиценцираните туристички водичи, кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход под 15.000 денари.

Мерка 5

Околу 2 милиони евра се наменети за компаниите кои ја реинвестирале добивката од 2020 година (оваа мерка која ќе се реализира преку Развојната Банка)

Мерка 6

Со бескаматна кредитна линија преку Развојната банка од 1 милион евра, ќе се поддржат медиумите кои емитуваат радио и телевизиска програма.

Мерка 7

Како дополнителна поддршка и помош за домашната туристичка и угостителска дејност ќе се овозможат бесплатни 50.000 ПЦР тестови за странските туристи кои престојувале во државата.

 ПОкрај овие, се предвидени неколку мерки за поддршка на економијата, односно за раст на ликвидноста и поттикнување на инвестициите. Едната е Поддршка на ликвидноста за компаниите кои ја реинвестирале добивката за 2020 годинa преку субвенционирање на камати на кредити. Втората мерка е Кредитната линија за финансиска поддршка на деловните субјекти од областа на емитување на радио и телевизиски програми со цел намалување на последиците од корона вирусот КОВИД-19, преку посебна кредитна линија во износ од 61,5 милиони денари или 1 милион евра со 0% каматна стапка која ќе се пласира преку Развојната банка.

Туристичко-угостителскиот сектор е поддржан со над десет милиони евра и тоа преку ваучери за домашен туризам.

Моја плата

јули 14th, 2021 by

Блог

16 ЈУЛИ 2021

Моја плата

Интересен сајт кој води до база на податоци за висина на плата во земјата и во светот.

Притоа, на пребарувачот можете да пристапите од аспект на вработен и работодавач, зависно во која функција се наоѓате во моментот.

Доколку се определите дека сте вработен, при изборот имате можност да извршите пребарување по „работна позиција“ односно област за која сте заинтересирани и „земја“ во која би сакале да ја видите висината на платата.

Доколку сте работодавач, ќе ги имате истите пребарувања, но страната ви дава појаснувања како се генерираат податоците и по која методологија.

Можностите за пребарување се неограничени, но не и бесплатни. За истражување на 1 работна позиција по регион, работно место, искуство, образование, големина на компанија и возраст треба да се плати 6.130,00 денари. Докалку сакате да направите неограничен испитувања за неограничен број на позиции, со редовни споредби на платите и неограничена е-маил и телефонска поддршка, пакетот ќе ве чини 92.300,00 денари.

Директен линк до сајтот

https://www.mojaplata.mk/

Државен инспекторат за труд

јули 14th, 2021 by

Блог

14 ЈУЛИ 2021

Државен инспекторат за труд

Правата на работниците и работодавачите се регулирани со Законот за работни односи, Општите и Посебните колективни договори и други правилници.

Државниот инспекторат за труд ги има објавено истите на својата веб страна. На истата може да се најдат и совети за документацијата која треба да ја поседуваат работодавачот и работникот.

Исто така на оваа страна се објавени и програмата на неработни денови која ја изготвува Министерството за труд и социјална политика, како и разни обрасци- Известувања за вршење на работа за време на празник, ноќе, вршење на градежни работи и слично.

Директен линк до страната на Државниот пазарен инспекторат:

https://dit.gov.mk/?page_id=628

Висина на минимална плата по години и периоди

јули 14th, 2021 by

Блог

14 ЈУЛИ 2021

Висина на минимална плата по години и периоди

Согласно одлуките на Владата донесени со Закон или со Објава во Службен весник, Министерството за труд и социјална политика во делот на Пазар на труд/ Плати има изработено анализа на износите на минималната плата по години/периоди и тоа почнувајки од 2012 година.

Во анализираниот период евидентен е постојан пораст на износот на минималната плата (пресметана како нето и бруто износ).

* Согласно Законот за минимална плата во Република Македонија („Сл. весник на РМ,“ бр. 11/2012) во одделот производство на текстил, производство на обувки и производство на кожа и слични производи од кожа, висината на минималната плата се утврдува со коефициенти утврдени во Законот и тоа за 2012 година-0,778, за 2013 година -0,852.  

**За 2014, 2015, 2016 заклучно со август 2017 година, висината е утврдена со Законот за изменување и дополнување на Законот за  минимална плата ( „Сл. весник на РМ“ бр. 30/2014).

Директен линк до податоците:

https://www.mtsp.gov.mk/plati.nspx

Највисоко и најниско платени професии во Македонија

јули 14th, 2021 by

Блог

14 ЈУЛИ 2021

Највисоко и најниско платени професии во Македонија

Согласно податоците од Државниот завод за статистика со години наназад се бележат истите трендови на пазарот на трудот. Од овој извор е евидентно дека компјутерски програмер е најбарана и најплатена професија во Македонија.

Посакувани во Македонија се и професиите во правните и сметководствените дејности.

На високо место по приходите од плата се вработените во фармацевската дејност.

После нив следуваат платите на вработените во воздушенниот сообраќај и телекомуникациите.

Најниски плати во Македонија остваруваат вработените во секторот рибарството, производство на кожа, и производство на мебел со 19.982 денари.

Предности и недостатоци од работењето од дома

јули 14th, 2021 by

Блог

14 ЈУЛИ 2021

Предности и недостатоци од работењето од дома

Во изминатава година светот се соочи со неочекуван предизвик кој ни покажа многу ограничувања, но отвори и многу можности во деловното работење. Најголемиот можеби се однесува на опцијата за „работа од дома“. Реално, ова до пред 15тина месеци се однесуваше на работа на фриленсери и пирамидални продажби, понекоја онлајн продавница и слично. Но со затварањето на границите, а многу повеќе со воведувањето на карантинот и неможноста за движење пред работодавачите и вработените се исправи новиот предизвик- да се работи без да се стигне ан работното место.

Реално, постоењето на мобилните телефони, лаптопите, покриеноста со интернет мрежата веќе неколку децении полека не воведуваа во електронскиот свет и достапноста на работните обврски во 24/7 работно време (и неопределено работно место), но дека одеднаш ќе треба да се префрлиме работните обврски во целост да ги вршиме од дома, или да ги затвориме повремено или трајно бизнисите од мислена именка стана реална потреба. И се покажа како не толку неостварлива цел.

Аналитичарите кои ги следат трендовите укажуваат на повеќе или помалку погодности, но и негативности кои ги носи работењето од дома.

Пред се се намалуваат трошоците за превоз- приватниот и јавниот. Вработените повеќе не патуваат до работа, па се намалува потрошувачката на горива (а со тоа и загаденоста)

Приходите од закупнини очекувано би требало да се намалат, доколку работат од дома закупците не би имале економска оправданост да плаќаат закупнина, особено ако во догледно време не можат да се вратат на работа.

Се намалуваат трошоците за печатени матерјали- хартија. Преписките се електронски, не се печатат голем број непотребни документи

Се намалуваат трошоците за деловни патувања, конференции и обуки. Истите се покажа дека прилично функционално може да се одржуваат онлајн.

Се намалуваат трошоците за набавка на гардероба, особено на онаа за деловни пригоди. Честопати работниот ден се поминува во домашна облека, без формалности во изборот.

Се намалуваат приходите на млечните ресторани, пицериите, сендвичарите, рестораните и мензите- при останување дома вообичаено се преминува на домашна храна или нешто чепнато „на брзина“.

Поради намалените патувања- до и од работа, а особено подолгите деловни патувања, очекувано е да се намали прометот и во автомобилската индустрја, вклучително и трговијата со автомобили, гориво и механичарските работилници.

Намалување на прометот се очекува кај бутиците и продавниците кои не продаваат храна.

Зголемени приходи се очекуваат во информатичките и телекомуникациските гранки. Работењето од дома подразбира потреба од појак интернет, подобар телефон, лаптоп или персонален компјутер, честопати печатар и инвестирање во нови софтвер програми.

Конечните податоци за зголемените и намалените приходи по гранки ќе се анализираат на глобално и локално ниво по завршување на пандемијата.

Нееднаквост за време на корона

јули 14th, 2021 by

Блог

14 ЈУЛИ 2021

Нееднаквост за време на корона

Интересен текст кој произлегува од проектот Иницијатива за демократија на Западен Балкан. Издавач е Фондација за демократија на Вестминстер, Северна Македонија од група автори: Јовановиќ Билјана, Јовановиќ Бранимир, Митевски Виктор и  Стојкоски Виктор.

Овој бриф за политики е изработен врз основа на студијата „Нееднаквост во време на корона – Ефекти од пандемијата на КОВИД-19 врз македонската економија“. Студијата се состои од четири дела:

  • првиот дел ги анализира макроекономските ефекти од пандемијата врз економијата на Република Северна Македонија (РСМ) и истите ги споредува со останатите европски економии.
  • Вториот дел анализира како била распределена државната поддршка за фирмите
  • Третиот ги анализира ефектите на пандемијата во однос на доходот на луѓето.
  • Четвртиот ги анализира детерминантите на економските перформанси за време на пандемијата и дава проекција за економскиот раст во 2020, 2021 и 2022 год

На линкот подолу можете да ја погледнете целата статија

https://www.wfd.org/wp-content/uploads/2020/09/Efektite-od-Kovid-vrz-MK-ekonomija-MK-2.pdf