Интересен текст кој произлегува од проектот Иницијатива за демократија на Западен Балкан. Издавач е Фондација за демократија на Вестминстер, Северна Македонија од група автори: Јовановиќ Билјана, Јовановиќ Бранимир, Митевски Виктор и Стојкоски Виктор.
Овој бриф за политики е изработен врз основа на студијата „Нееднаквост во време на корона – Ефекти од пандемијата на КОВИД-19 врз македонската економија“. Студијата се состои од четири дела:
првиот дел ги анализира макроекономските ефекти од пандемијата врз економијата на Република Северна Македонија (РСМ) и истите ги споредува со останатите европски економии.
Вториот дел анализира како била распределена државната поддршка за фирмите
Третиот ги анализира ефектите на пандемијата во однос на доходот на луѓето.
Четвртиот ги анализира детерминантите на економските перформанси за време на пандемијата и дава проекција за економскиот раст во 2020, 2021 и 2022 год
На линкот подолу можете да ја погледнете целата статија