Друштвото за вештачење Дата Линкинг ВештачењаДООЕЛ е основано со цел да даде поддршка на клиентите преку анализа на случаи, проверка на законската легислатива, изготвување на стручни наоди со мислење за потребите на судските постапки.
Почетоците беа определени за изготвување на наоди од областа на материјално- сметководственото работење, но набрзо се покажа потреба од заеднички вештачења со вешти лица од други области, па истите се најдоа на листата на редовни соработници.
За кратко време активностите се проширија со соработка со проценители од различни дејности, регистрационен агент и овластен сметководител, кои пружаат максимална поддршка со цел да се задоволат потребите на клиентите.
Целта на Друштвото
Целта на друштвото е квалитет во изготвување на стручните наоди.
Визија на Друштвото
Визијата е насочена кон поголема достапност на странките кон одредени искуства од применатана законите во судската пракса.
Нашиот успех е производ на желбата да се следат економските текови и најважните правни и деловни прашања во овој динамичен период, како и давање на мислења за правилно решавање на судски спорови.
Нудиме услуги со висок квалитет, сигурност, навременост, точност и професионална одговорност заснована на искуство, темелна анализа и посветеност кон потребите на клиентите.
Растечкиот број на задоволни клиенти е резултат на високата работна етика и доверба, професионализам и разбирање.
Наши клиенти најчесто се адвокатите/ застапниците по закон, основните, граѓанските и кривичните судови во РСМ, како и правни и физички лица кои бараат совет, помош, анализа, вешт наод, проценка или мислење од стручни лица